На крајот од минатата година, Кристијано Роналдо реши да го напушти Манчестер јунајтед и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, на Португалецот му се укажа неверојатна прилика и можност да заработува по 200 милиони евра годишно.
Но ова беше само почеток, летово на Арапскиот Полуостров заминаа уште неколку звучни имиња, а речиси секој ден има шпекулации дека нови фудбалери ќе се преселат во Саудиска Арабија.
И тоа воопшто не е случајно ако се види какви плати даваат Ал Наср, Ал Хилал, Ал Итихад, Ал Ахли и останатите.
Во моментов, од 10-те најплатени фудбалери во светот, дури 8 се во Саудиска Арабија а само еден е во Европа. Исклучок прави и Лео Меси, за кого американците сторија се што можеа за да го донесат во Интер Мајами.