среда, 18 септември 2024

Осум мигранти загинаа обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Осум лица загинаа во текот на ноќта при обид да го преминат каналот Ла Манш од Франција во Англија, соопшти француската полиција, а пренесе Би-би-си.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Спасувачките служби беа предупредени откако бродот наиде на тешкотии северно од Булоњ-сур-мер во Па-де-Кале по 01:00 часот по локално време.

Гумениот брод заплови со 50 луѓе и набрзо почна да тоне.

Несреќата се случи за помалку од две недели откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една трудница, загинаа кога потона брод со десетици мигранти. Во несреќата на 3 септември годинава загинаа најмногу луѓе на Ла Манш.

Во последните два дена зголемен е бројот на обиди за преминување на каналот поради помирното време. Француските поморски власти објавија дека во петокот и саботата за 24 часа биле спасени 200 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ