вторник, 24 септември 2024

Осум луѓе ќе одговараат за предизвикување пожари во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево

СВР Битола до Основните јавни обвинителства (ОЈО) во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела предизвикување на општа опасност сторени во периодот од 15 јуни до 23 септември годинава.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А. затоа што на 17 август 2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во селото Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М. затоа што на 10 август 2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во село Кременица, битолско“, соопштија од СВР Битола.

ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш. (56) од село Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над селото Пуста Река.

ОВР Македонски Брод пак до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д. од Прилеп затоа што на 5 август 2024 година бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот.

На истиот ден ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. од село Штавица, прилепско, затоа што запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ