недела, 20 октомври 2024

Осум лица повредени во тешка сообраќајка помеѓу трактор и два автомобили

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа, во 4.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на селото Раброво, Валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф, управувано од И. К. (61) од Струмица, патничко возило ситроен, управувано од Г. А. (35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, и трактор ИМТ, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т. Ш. (74) од Валандово.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тракторот, а возачот на возилото ситроен и шест сопатници од истото возило, како и сопатникот од тракторот Д. Н. (56) добиле телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица и во Здравствениот дом Валандово.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Валандово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ