сабота, 27 јули 2024

Осум Хрвати во Замбија ослободени од обвинението за трговија со деца

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува хрватските државјани веднаш да бидат ослободени, објави Хрватската радиотелевизија.

Четири хрватски парови сакале да посвојат деца од Демократска Република Конго, но кога сакале да се качат во авион со децата на 7 декември минатата година во Ндола, град недалеку од границата со ДР Конго, беа уапсени, а децата биле сместени во државна установа за згрижување на деца.

Тие се обвинети за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи.

ДР Конго, од каде што се донесени децата, забранува меѓународно посвојување деца – нејзини граѓани – со некои исклучоци регулирани со меѓудржавни договори.

По месец и половина притвор, на 23 јануари им беше одредена кауција, а на 6 февруари државното правосудство го повлече обвинението и добија 48 часа да ја напуштат Замбија.

Меѓутоа, на 7 февруари тие повторно беа уапсени пред да се качат во авионот за да ја напуштат Замбија и повторно беа приведени – под истите обвиненија. Откако на 22 февруари повторно платија кауција, тие беа пуштени на условна слобода.

Судењето беше прекинато, откако судијката Мери Муланда ги сослуша сите сведоци на обвинителството и оцени дека државата не ги докажала обвиненијата против Хрватите и уште двајца обвинети од Замбија, Стивен Мули и Глорија Сакуленга, за наводна трговија со деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ