сабота, 19 октомври 2024

Осум години затвор за сообраќајката во Велес е досега највисока за ваков вид кривични дела, вели скопска Апелација

Објавено на

часот

Сподели

Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривичното дело од член 300 од Кривичниот законик (КЗ), тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.

„Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8 отсто, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2 отсто затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци, а најмногу седум години и два месеци“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на скопска Апелација.

Анализата на судот покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.

„Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик, неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода“, посочуваа од Апелација. 

Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.

„Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 проценти ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени“, покажува анализата на Апелација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ