Судот во градот Горно Алтајск го осудил Сергеј Михајлов, новинар во сибирскиот регион Алтаја и издавач на локалниот весник Листок, за „ширење лажни информации“ за руската војска.
Михајлов бил уапсен во април 2022 година поради објави на профилите на Листок на социјалните мрежи и написи на сајтот на весникот за руски напади на цивили во Украина.
Руската новинска куќа Медуза, која е финансирана од Западот, пренесе дека Михајлов во завршниот збор на судот кажал дека „целта на публикацијата е откривање на вистината“ за војната и „заштита на сонародниците од софистицираните лаги на руската државна пропаганда“.
Според законот донесен кога во февруари 2022 година почна конфликтот во Украина, критикувањето на „специјалната воена операција“ е кривично дело.
Според руската група за човекови права ОВД, кој ги следи политичките апсења, повеќе од 1.000 луѓе се кривично гонети од февруари 2022 за антивоени ставови.