сабота, 27 јули 2024
Во пукањето во училиште

Осум деца се убиени, потврди полицијата во Белград (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Чуварот се обидел да ја спречи трагедијата, по што бил убиен. Повредена е наставничка, која е во тешка состојба. Пет деца се на детската клиника, објави Н1.

Ранети се шест деца и една наставничка, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

Директорот на детската клиника Синиша Дучиќ вели дека по пукањето биле примени три деца. Две момчиња имаат прострелни рани на долните екстремитети и се во добра општа состојба, а девојчето веднаш е пренесено на скенер и во операциона сала. Операцијата е во тек.

Малолетниот Коста К. (14), кој го сторил ова кривично дело, е ученик на тоа училиште и бил пронајден и уапсен во училишниот двор.

На улицата „Светозар Марковиќ“ неколку десетици родители сѐ уште стојат и чекаат пред училиштето бидејќи нивните деца биле во класот VII2, каде што се случи трагедијата.

Мајката на една од ученичките во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар за новинарите изјави дека нејзиното дете е во комплетен шок и дека не можат да ја смират по претрпениот стрес.

За среќа, нејзиното дете поминало неповредено, но таа вели дека тоа ќе ѝ остави голема траума.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ