петок, 18 октомври 2024

Остров кај Дубаи продаден за 30 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Оваа парцела е всушност дел од вештачкото островче во облик на морско коњче, оддалечен од копното на градот, но достапен преку мост. Ендрју Камингс, раководител на агенцијата за недвижности „Најт Френк“ во Дубаи, изјави дека со продажбава е урнат рекордот.

„Тоа се 125 милиони (дирхами) за песок. Досега во медиумите се споменуваше продажба на спектакуларни вили и неверојатни пентхауси, но ова е навистина голем рекорд за парцела“, вели тој.

Камингс објасни дека имало само 128 парцели за продажба на островот Џумеира Беј, а сите биле распродадени пред повеќе години.

Купувачот кој сакаше да остане анонимен, му донесе на продавачот добивка од 88,5 милиони дирхами, т.е. околу 21 милион евра. Имено, претходниот сопственик за истиот простор пред две години платил 36,5 милиони дирхами (девет милиони евра), но вредноста на песокот во меѓувреме се зголемила.

Новиот сопственик, кој не живее во Обединетите Арапски Емирати, наводно планира изградба на семејна викендичка.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ