„Им заблагодарувам на вработените во Агенцијата и на туристичкиот сектор за соработката во изминатите пет и пол години. Мислам дека успеавме од заборавена Агенција да изградиме институција со реноме во години со голем број предизвици. Секогаш сум се залагал за професионални кадри на вистински места и тоа сум го покажувал со сопствен пример, преку мојата работа, труд и залагање. Македонија мора да оди напред зашто, каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме“, истакна Јаневски.
Од лични причини
Оставка од директорската функција на АППТ поднесе Јаневски
Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Оставката е поднесена од лични причини. Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.
Објавено на
часот