Формирана е комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендиран еден наставник, одговорен за одделението.
Во текот на денешниот ден оставка од лични и морални причини поднесе и директорот на училиштето, а веднаш е именуван и нов вд директор.
„По утврдувањето на одговорноста на секој од нив, зависно од дејствата кои ги презеле или пропуштиле, соодветно ќе бидат санкционирани. Настанот мора да биде расветлен во целост и да биде лоцирана одговорноста на секој инволвиран во случајот“, додава Стојкоски.
Полицијата вчера извести дека 44–годишен маж од Скопје вчера пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Според МВР, децата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз соученикот.