вторник, 21 мај 2024
Избори 2024

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори, порача првиот заменик на премиерот, Бојан Маричиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи европските реформи и да не застрани од патеката на европската интеграција и регионалната соработка, нешто што во повеќе наврати беше јавно промовирано и ветувано од нивна страна. Ние, како социјалдемократи, како прогресивни и принципиелни политичари, оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните“, напиша Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде дека СДСМ како опозиција ќе биде постојано тука за потребите на развојот, да иницираат но и го поддржат тоа што им треба на граѓаните.

„Јас лично, со цел свој капацитет, со цела своја енергија, посветеност и знаење, ќе се вложам во заздравувањето и реформите на СДСМ како партија која искрено ја сакам и со гордост и припаѓам, бидејќи во овој момент каузите за кои целиот свој живот сум се борел се загрозени и со ослабена подлога и база“, наведува Маричиќ.

Тој додаде дека нема компромис по однос на неговиот порив да продолжи да застапува европски реформи за членство на Северна Македонија во ЕУ, користење на европските можности, солидарност, соработка и почитување на различностите.

„Ќе дејствувам со ум, со разум, со љубов и со посветеност, за подобра европска Македонија, за СДСМ кој води, а не заостанува. Им благодарам за соработката на сите колеги од Владата, од партијата, од граѓанското општество и од бизнис секторот со кои имав можност да соработувам во изминативе седум години“, напиша Маричиќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ