Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска е во опаѓање. Поплавени се земјоделски површини, во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок.
Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК.