четврток, 24 октомври 2024

Осомничениот за убиството кај Мавровка кој вчера ѝ се предаде на полицијата е вратен во затворот во Шутка

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека Министерството за внатрешни работи (МВР) го известило Обвинителството дека вчера е уапсен вториот осомничен за убиството кај Трговскиот центар (ТЦ) Мавровка во центарот на Скопје кој синоќа сам ѝ се предаде на полицијата. Од ОЈО Скопје уште информира дека во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата дека и вториот уапсен е вклучен во убиството на трговецот Васил Ефтиммов.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување. За овој кривично-правен настан, ОЈО Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, информираа од ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ