четврток, 24 октомври 2024

Осомничениот за полов напад врз малолетник е татко на портпаролот на Вреди, се огласи самиот на Фејсбук

Длабоко сум шокиран и повреден од веста што се појави во медиумите за мојот родител. Не можам да го најдам вистинскиот збор да го опишам овој момент! Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство, напиша на својот фејсбук – профил портпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хисени откако денеска Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 58 годишен скопјанец поради преземени полови дејствија против малолетник роден 2008 година. Иако обвинителството не ги откри ниту иницијалите на осомничениот сепак дел од медиумите објавија дека станува збор за татко на портпарол на политички субјект. Хисени информираше дека поради ова привремено ги замрзнува политичките активности.

Објавено на

часот

Сподели

Хисени во објавата вели дека само помислата дека се соочува со ваква ситуација му ја крши душата.
„Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам. Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледа дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање. Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи се против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува сето ова. Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство. Ни треба простор за да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста“, напиша Хисени на својот фејсбук – профил.
Претходно денеска, Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 58 годишен скопјанец поради преземени полови дејствија против малолетник роден 2008 година.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ