Од МВР засега не откриваат повеќе детали, само потврдуваат дека осомничениот самиот се предал. Наводно самиот дошол во полициската станица Пролет.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела убиство и убиство во обид, кои беа извршени вчера на паркинг просторот зад трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје, како и на ул.Стојна Стефкова, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Од МВР посочија дека по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови бил фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје, кому попладнево Основниот кривичен суд му одреди триесетдневен притвор.
За второто лице кое беше лишено од слобода вчера, од МВР велат дека до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаа интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едното инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело убиств.