сабота, 27 јули 2024
Министерот за надворешни работи во ТВ-гостување

Османи за 20-те проценти: Не сакаме како Албанци да бидеме алиби за Мицкоски да ја спречи евроинтеграцијата

Објавено на

часот

Сподели

„Ако успееме да најдеме консензус, би било добро и во интерес на сите, за преименување на 20%. Ако не можеме, не би сакал да бидеме алиби за Мицкоски и компанија, да ја спречи европската иднина на државата. Никогаш Албанците не биле причина оваа држава да кочи на евроатлантскиот пат, не би сакале и во оваа критична точка кога земјата се наоѓа на крстопат“, рече Османи.

Според него, Македонија доцни со јавна расправа за уставни измени.

„Мислам дека е прерано да се направи објективна проценка дали имаме или немаме услови за уставни измени затоа што уште не е почната официјалната јавна дебата по однос на конкретните формулации. И тука, ќе кажам личен став, мислам дека доцниме. Инсистирам тоа да се случи што побрзо“, рече Османи.

Како висок партиски функционер, од неоадамна и координатор за огранокот на ДУИ во Чаир, кој важи за јадро на „огнените“, Османи вели дека фракционерите самите се исклучиле од органите на партијата затоа што тоа го сториле без дозвола од Централниот совет, од Претседателството и од лидерот на партијата.

„Коалицијата со градоначалничката на Скопје е направена без согласност од партијата. Такво прекршување не дозволува ниедна партија, ниту пак некоја организација“, рече Османи и додаде дека кршењето на статутот повлекува сносење на одговорност.

На прашањето – дали за него Изет Меџити е член на ДУИ, Османи одговари: „Да, меѓутоа Претседателството има констатирано дека го има напуштено тој орган”.

Со оглед на тоа што од ДУИ најавуаат избори за претседател на чаирскиот огранок, прашањето до Османи беше дали Изет Меџити може да се кандидира.

„Тоа треба изборната комисија да процени дали може тие што ги пркршиле основните стратешки, статурни определби на партијата“, рече Османи и додаде дека не е сигурен зашто за таква опција не е разговарано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ