сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Османи: Волјата на нашите гласачи нема да биде згазена, изјавите на Мицкоски се шовиниситчки

Целта на ДУИ не е да биде симатизирана од ВМРО или од СДСМ туку да се почитува волјата на избирачите, а таа е јасно искажана и не може да се згази ниту за момент, рече денеска потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека ДУИ заминува во опозиција, а во идната влада ќе биде вклучена коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Таквата изјава е шовинистичка и е навредливо да зборуваме за коалицирање на 9 дена пред избори. Повредено им е достоинството на гласачите со изјавата дека воопшто нема да биде важна нивната волја за кого ќе се определат. Тоа е омаловжување на волјата на избирачите, тоа не само што на е демократски, туку Албанците ги враќа во времето на Рахман Морина“, рече Османи.

Тој нагласи дека народот е тој што одлучува кој е претставникот на албанскиот народ, како и на други етнички заедници, а знаеме, додаде Османи, дека се вклучени во рамки на Европскиот фронт.

„Mицкоски успеа да го врати кај Албанците сеќавањето на стогодишното ропсто и на понижувањата во некогашна Југославија. Тој успеа да активира нерв за кој мислевме дека е трајно сокриен. Успеа да го врати времето од Југославија, кога беше одлучено дека Рахман Морина ќе ги претставува Албанците. Но, овој обид за омаловажување на секој Албанец и на етничките заедници со слична судбина, ги мобилизира луѓето, а ги мобилизира и оние кои во првиот изборен круг не излегоа да гласаат. Веќе не е прашање на избор меѓу Европскиот фронт предводен од ДУИ, и коалицијата Вреди. Таа битка практично е завршена на 24 април, така како што е завршена. Сега повикот треба да биде како да го тргнеме национализмот од сцената и да ја интегрираме државата во ЕУ“, рече Осамни.

Тој оцени дека изјавата на Мицкоски е обид за рушење на достоинството на народите и е понижување да се зборува отсега за таква власт без почитување на изборната волја.

„Тој предзвика таква мобилизација кај избирачите каква што со години и години не сме виделе. И каков е резултатот од таа мобилизација кај Албанците и други етнички заедници ќе се искаже на  8 мај. Народот ќе каже тоа што треба да се каже, својата волја ќе ја искаже. Жалам што ова сега го зборувам кога имам прес-конференција во Министерството за надворешни работи каде сме собрани поради убав повод, 55 години МНР, но добив новинарско прашање и морав да одговорам“, рече Османи.

Тој нагласи дека во рамки на Европскиот фронт ќе се расправа во врска со изјавите од ВМРО-ДПМНЕ кои ја „враќаат меморијата кај Албанците“ и оцени дека изјавите на Мицкоски се шовинистички.

„Државата повторно да биде ‘Твоја’, е шовинистички повик во една држава во која Албанец води надворешна политика за сите граѓани и во интерес на државата. Национализмот раѓа нов национализам. За жал овие сили го вратија тоа чувство на пониженост кај Албанците и другите етнички заедници“, рече Османи коментирајќи ја, како што нагласи, провокативноста на некои слогани и изјави, а на новинарско потпрашање за извиците „УЧК, УЧК“ од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одговори дека Ахмети веќе дал одговор.

Османи рече дека со таква политика, какво што сега застапува Мицкоски, државата загуби 20 години од својот интегративен пат кон ЕУ, и рече дека прашањето на името беше вештачки создаден проблем.

„Ако се чека, ќе се добиваат понеповолни можности за ЕУ-интеграција во еден тежок гео-политички региопн“, порача Османи.

Тој нагласи дека ДУИ и Европскиот фронт имаат јасни позиции од кои нема откажување: „Почитување на Преспанскиот и Охридскиот договор и Договорот за пријателство и, ветинг за секој иден функционер, со проверка и од страна на меѓународен борд, како што рече, во кој ќе има преставници од САД, НАТО и ЕУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ