сабота, 27 јули 2024

Османи во Украина: Сцените во Ирпињ се доказ за неразумната и деструктивна политика

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што го видов кај Ирпињ уште еднаш ме убеди колку нашиот став за осуда на оваа воена агресија е оправдан. Пронајдени се телата на бројни цивили, додека над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, изјави Османи.

Според него, невидената и неиспровоцирана агресија претставува тешко кршење на меѓународното право, напад врз суверена земја и сериозен обид да се уништат темелите на меѓународната безбедност и стабилност.

„Посетата на Украина е чин на поддршка и солидарност и овие сцени и слики се доказ за неразумна и деструктивна политика“, порача Османи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ