сабота, 27 јули 2024
Шефот на дипломатија и европското досие на Македонија

Османи во ЕП изразил заложба за брзи уставни измени и побара Софија да не го негира македонскиот идентитет

Објавено на

часот

Сподели

Османи истакнал дека тоа што ги разликува државниците од политичарите е фактот дека  државниците од Македонија мислат за идните генерации, наспроти политичарите кои мислат само за следните избори.

„Во тој контекст државата има цел да изгради совршен однос кон сите заедници без разлика на нивната бројност, каде сите граѓани без разлика на својата етничка припадност ќе имаат ист третман, но дека истовремено е потребно да се создава соодветна атмосфера и во соседна Бугарија и да се напушти праксата на провокации од политичари кои сред Скопје го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, истакнал Османи.

„Договорот со Бугарија и договорот со Грција и Охридскиот рамковен договор се трите столба на евроатланска Северна Македонија. И јас се гледам себе си како чувар на трите договори. Јас уште еднаш пружам рака дека во Северна Македонија имаме цел да изградиме перфектно општество како однос на државата кон сите заедници независно колку се тие бројни“, додал на одговорите Османи.

Министерот и нагласил дека уставните измени, за кои денес почнаа институционалната расправа, ќе значат и формално можност за интегрирање на бугарската заедница.

„Почнува првата средба на Комисијата за уставни измени и со тоа почнува јавната дебата за уставните измени. Ќе се обидеме да стигнеме до секој граѓанин и да објасниме дека овој процес е важен и за интегрирањето на заедниците, меѓутоа и за продолжување на патот кон Европската Унија, но тоа нема да можеме да го направиме сами. За тоа ќе ни треба поддршка. Поддршка од вас во смисла на вбризгување кредибилитет во процесот”, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатија истакнал дека Македонија покажала дека и во регион како Балканот полн со предрасуди, државите можат да бидат и функционални мултиетнички демократии и дека Македонија сигурно служи како добар пример, не само за регионот туку и пошироко. Доказ за тоа, кажал Османи, е претседателството на  Македонија со ОБСЕ.

Меѓу другото, Османи повикал за јасни сигнали од Брисел за кредибилен и предвидлив евро-интегративен процес, како одговор на евроскептицизмот кој е во раст во земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ