„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор, а тоа е јазикот. ‘стражата на јазикот’ е всушност стражата на разумот. Таму се чуварите на разумот. Тоа се чувари на мултиетничка Северна Македонија. Тоа се луѓе коишто се над партиските интереси, над етничките интереси. Се јавуваат бројни Македонци коишто велат што, кој, ова лудило, како да се враќаат зомбите од минатото за да го демонтираат тоа што го постигнавме во 20 години и создадовме пример на функционална мултиетничка држава. Да се вратат теми кои сметавме дека се завршени. Оваа кауза не е на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, туку на сите луѓе со добра волја за оваа држава. Ова е и ваша кауза, независно новинари, Албанци, Македонци. Мора да им кажеме стоп на овие зомби од минатото кои сакаат да вратат зла крв помеѓу граѓаните. Откако макотрпно со голема инвестиција на меѓународната заедница, изградивме општество на кое ни завидуваат другите“, изјави Османи пред состанокот.
Османи ја обвини Владата за дестабилизација и рече дека доказ за тоа е што се поставени луѓе кои се експозитура на југословенската политика.
„Времето за ваквите одлуки е поминато. Граѓаните независно Албанци, Македонци нема да дозволат и ќе ги изолираат. Тоа е пораката која што веројатно ќе ја пренесеме и денес. Ние сме тие кои што во моментот сме чувари на стабилноста. Ние сме тие кои што сме чувари на мултиетничка Македонија наспроти овие зомби од минатото кои сакаат да не вратат 20 години наназад и да ги вратат темите коишто сметавме дека ги оставивме назад. Јас бев тој кој што работеше за македонскиот јазик да биде официјален во Европската унија. Успеавме во тоа. Денес некои антиподи на таквата политика во којашто се помагаме еден со друг, се солидаризираме, се поддржуваме еден со друг, сакаат да го киднапираат мирот, да ни ја киднапираат стабилноста. Нема да дозволиме, затоа што во ова сме сплотени сите независно од етничка и партиска припадност“, рече Османи.
Тој информираше и дека на состанокот присуствуваат и лидерите на нивната коалиција Европски фронт и дека денеска и тие ќе им се приклучат на таканаречената група „стража на јазикот“, која пред Уставниот суд постави шатори и таму престојува од вчера.