сабота, 27 јули 2024

Османи вели дека холанскиот амбасадор всушност барал поддршка од ДУИ

Ова е продолжување на ставот на холандскиот амбасадор кој го кажа во неколку наврати, на многу интервјуа кон крајот на минатата година. Веројатно ДУИ е еден од оние кои што најмногу зборува за борбата против корупција, па се разбира дека ќе се бара поддршка од ДУИ. Ова го изјави министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи по вчерашниот поинакви пораки на холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме две суштински, концептуални разлики. Тој смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право и без преговори со Европската Унија. Јас сметам дека ние не можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право, без процес на преговори, тие два процеси се поврзани“, рече Османи.

Вчера холандскиот амбасадор Дир Јан Коп на средба со Али Ахмети посочи дека посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е информирана дека е главна пречка за функционирање на државата, вели Изет Меџити од Демократско движење за вчерашната средба на лидерот на интегративците, Али Ахмети со амбасадорот на Холандија.

„Со флагрантно политичко мешање во судството за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, како одмазда за непослушноста да се врати Никола Груевски во земјава како херој, таканаречениот европски фронт на ДУИ беше информиран од ЕУ преку амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп дека ДУИ е главната пречка за функционирањето на правната држава и интеграцијата на земјата во ЕУ“, напиша Меџити на Фејсбук.

Коп на вчерашната средба со Ахмети лично пренел загриженост за несоодветно политичко влијание врз позицијата претседател на Врховен суд и за континуираниот двегодишен пад на владеење на правото во земјава.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така, непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија“, објавија од амбасадата.

Македонија е заробена држава, со која владеат корумпирани политичари, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ.

„Како до сега е фразата која ќе одзвучува во главата на секој еден граѓанин, кој 7 години од својот живот ги помина под власта на СДС и ДУИ, и од ден во ден осиромашуваше, додека власта се богатеше. Ковачевски со Ахмети функционира ‘како до сега’. Нема одговорност за криминалите на ДУИ.

Ниту еден функционер од ДУИ не одговара или лежи во затвор. Тие што по некоја случајност ќе завршат може да избегаат. Роднините на функционерите на ДУИ се богатат и трупаат портфолио на фирми со богат имот и големи обрти. Фирмите донатори на ДУИ се главни добитници на тендерите во институциите водени од ДУИ.

Братот на Ахмети, таткото на Дрин, му седи на глава на обвинителот за организиран криминал. Судството е на наковална. Седум години, ‘како до сега’ резултираше со осиромашен народ. Додека Македонија има само 20% раст на БДП по глава на жител во периодот од 2017 до 2023, сите држави од регионот имаат 50% и повеќе. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ