среда, 30 октомври 2024

Османи: Србија двапати го прекрши Охридскиот договор за помалку од 24 часа

Објавено на

часот

Сподели

Таа на Твитер порача дека првиот прекршок е надворешно мешање во изборите во Косово, додека вториот е лобирање и гласање против прифаќање на барањето на Косово за членство во Советот на Европа.

„Србија за помалку од 24 часа изврши две прекршувања на Бриселско-охридскиот договор: надворешно мешање во изборите во Косово (спротивно на член 2), лобирање и гласање против апликацијата на Косово до Советот на Европа (спротивно на член 4). Нов договор, но истата стара Србија“, напиша Османи на Твитер.

Како што беше соопштено, вчера на Советот на министри на Советот на Европа, Србија заедно со уште шест земји гласаа против поднесувањето на барањето на Косово за членство до Парламентарното собрание на Европската Унија.

Претходно, највисоките функционери на Србија ги повикаа косовските Срби да ги бојкотираат изборите за градоначалници на општините на северот на Косово, кои се одржаа на 23 април годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ