среда, 29 мај 2024
Изјави на претседателскиот кандидат

Oсмани би се видел со српските челници од кои очекувал да се приклучат кон резолуцијата за Сребреница

Претседателскиот кандидат Бујар Османи денеска на новинарите им одговори дека е шокиран од реакциите во Србија заради македонското конспонзорство на резолуцијата во ООН за Сребреница и дека би сакал и физички да ги види тие српски челници кои искажаа негативни реакции. Според него, членството во Отворен Балкан ќе зависи од владиниот поглед на настеаните од Бањска во Косово.

Фото: Фејсбук на Османи

Објавено на

часот

Сподели

Отворен Балкан беше иницијатива на Албанија, поддржана од САД, од кои бевме охрабрени заради помирување во регионот и економски олеснувања меѓу земјите.

„Мојот став беше позитивен за помирувањето, но тоа што се случи во Бањска на Косово, за што Владата ќе ја информирам на затворена седница, е крупен случај. Бидејќи помирувањето е првиот столб на иницијативата Отворен Балкан, Владата нека реши дали случувањата во Бањска го нарушуваат тој столб на иницијативата“, одговори Османи на новинарско прашање.

Тој изрази надеж дека Косово и Србија ќе ги смират односите и нагласи дека како на иден претстедател му е важно, заради безбедноста на државата и регионот, да додје до нивно меѓусебно признавање.

На прашањето зошто ја иритира Србија со косонзорство на резолуцијата за Сребреница, Османи рече дека е шокиран од рекациите и дека не ги очекувал.

„Тоа е како Германија да реагира кога го осудуваме холокаустот. Дали се слушаме за што зборуваме.? Зарем треба дебата во државата за случај на геноцид, за случај на убиство на 8 илјади лица? Очекував Србија да ни се придружи на резолуцијата, заради расчистување со своето минато. Тоа е универзална човекова должност да осудиме. Ние сме држава која промовира толеранција и меѓуетничка хармонија, а ако ние тоа не го промовираме, тогаш грешиме. За Сребреница има судска разврска. Сакам да ги видам физички тие лица кои искажуваат осуда на мојата осуда. Не смееме да одрекуваме и мораме тоа да го промовираме како вредност“, рече Османи.

На потпрашањето дали ќе предложи резолуција и за Јасеновац, случај од Втората светска војна на геноцид на српско население во Независна Држава Хрватска, Османи одгоори:

„За се што има одлука на судовите и на Меѓународниот суд на правдата, ние осудуваме. Сакате да прашате дали е резолуцијата насочена кон Србија и Србите. Не. Никако. Осудуваме случај. Но дебата не смееме да имаме дали ни треба дебата за осудување на геноцид“, рече Османи.

Тој на друго прашање рече дека во врска со настаните меѓу Израел и Иран, рече дека за тоа прашање се консултира со западните сили и дипломатските претставништва и дека засега нема информации за барања за евакуација на наши граѓани.

Османи, изјавата ја даде пред состанок во Стопанска комора, како дел од серијата средби што ги има како кандидат за претседател со економските чинители и останатите стопански комори, посочувајќи дека ќе информира и за глобалните случувања и нивното влијание врз економијата во земјава.

„Ви Стопанската комора ќе им ги пренесам моите информации по однос на глобалните случувања и надворешно политичките случувања, можните ризици, случувањето во Блискиот Исток, можната ескалација, можниот бран бегалци и влијанието на економските текови“, рече Османи.

Доколку биде избран за претседател на државата најави дека ќе предложи создавање национален совет за економски раст, во кој би членувале претставници на политички партии и економски чинители, а кој би функционирал како еден вид на државен управен борд со цел постигнување на државен консензус по однос на клучните параметри и регулативи за еден забрзан и одржлив развој

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ