сабота, 27 јули 2024

Османи: Резолуцијата на Сенатот на САД е порака до политичките фактори кои заговараат алтернативи за ЕУ

Резолуцијата на Сенатот на САД ќе значи охрабрување да продолжиме на патот кон ЕУ, но и охрабрување до ЕУ дека треба да се забрза евроинтеграцијата на државата во Унијата. Таа е и порака до политичките фактори овде кои заговараат дека се можни алтернативи на членството во ЕУ, оцени шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешната прес конференција. Во врска со признавањето на валидните патни исправи од странси земји, Османи рече дека и Црна Гора ќе ги признава старите пасоши.Тој информираше дека е донесена одлука да се објави нов конкурс за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка, при што за првпат нашата држава ќе има свој кандидат.  Тој најави дека со почетокот на кампањата за избор на претседател, потполно ќе ја намали улогата на министер за надворешни работи.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Ова ќе значи наше охрабрување да продолжиме на тој пат, меѓутоа и охрабрување до ЕУ дека треба да се забрза патот на Република Северна Македонија“, рече Османи.

Според него, Резолуцијата на американскиот Сенат носи порака и до политичките сили во земјава кои гледаат други алтернатива освен зачленувањето во ЕУ.

„Тоа е малку и порака до политичките фактори овде коишто заговараат дека може да има алтернатива на ЕУ, меѓутоа, процедурите се утврдени“ рече Османи.

Прашан кои се тие политички субјекти кои заговараат алтернативи на пристапувањето во ЕУ, Османи вели дека секој што не работи за забрзано членство во ЕУ всушност работи за алтернативи.

„Мислам дека има политички партии, има кандидат за претседател којшто заговараат излегување од НАТО, дека имаат други алтернативи од ЕУ. Меѓутоа, јас сум на став дека не е само прашање на реториката. Секој што не работи за забрзано членство во ЕУ всушност работи за алтернативи. И оттука политичката сцена јасно е поделена на европски и антиевропски фронт“, оцени Османи.

САД го поддржаа пристапувањето на Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, во која се повикуваат претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, „да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови“.

Мерките на државите од ЕУ и регионот во однос на пасошите се со цел да се олесни овој транзициски период. МВР не треба да се води по тоа да најде алиби или некое решение кое што ќе ја одложи примената. Да се фокусираме на подобра организација на системот, а на помалку политиканство, со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши на граѓаните, одговори Османи на новинарско прашање околу признавањето на старите пасоши од страна на странски држави.

Тој посочи дека по неговата средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, договориле оваа земја да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ, како и на Швајцарија која донесе одлука дека старите документи се валидни.

„Така што, Црна Гора веќе нѐ извести дека ќе ги признаат пасошите со старо име доколку се валидни. Меѓутоа, мислам дека се тоа мерки со цел да се олесни овој транзициски период. Мислам дека МВР не треба да се води по тоа да најде алиби или да најде некое решение кое што ќе ја одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација на системот, на помалку парадирање, на помалку политиканство“, рече Османи.

Тој информираше дека е донесена одлука да се објави нов конкурс за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка, при што за првпат нашата држава ќе има свој кандидат.

Тој посочи дека Мејлинда Брегу била исклучително добар генерален секретар но за да се деблокира процесот на избор на раководители на регионалните иницијативи, како Министерство за надворешни работи предлагаат да се премине во процес на ротирачко претседавање на земјите согласно првата буква од државата или првата буква од главниот град, а првата буква да биде избрана на ждрепка.

„Бидејќи очигледно дека не може да се постигне консензус, пред сѐ заради односот Србија – Косово, кој што не дозволува постигнување на консензус по однос на еден кандидат, оттука доаѓа нашата иницијатива, да се избере прва буква, ќе се договориме дали на државата или на главниот град, а потоа ротирачки да се оди по абецеда за избор за сите раководители на овие регионални организации. Во оваа фаза мислам дека е важно да почнеме нов процес и Северна Македонија сериозно да се кандидира за позиција генерален секретар на Советот за региолнална соработка со седиште во Сараево“, додаде Османи.

Тој најави дека ќе ги минимизира своите активности како министер за надворешни работи штом ќе биде номиниран официјално како претседателски кандидат на ДУИ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ