сабота, 27 јули 2024
Министерот со најава

Османи од ООН: Се гледаме во Скопје, ќе ја претставиме референдумската идеја

Благодарам за ова голема поддршката и се гледаме уште утре во Скопје, за да ја претставиме заедно ова нова идеја како еден референдум за Северна Македонија, порача малку пред полноќ преку Фејсбук од седиштето на Организацијата на обединетите нации во Њујорк  министерот за надворешни работи и кандидат на ДУИ за претседател на Македонија, Бујар Османи.

Објавено на

часот

Сподели

„Собрани сме група на министри за надворешни работи во ОН на двегодишнината од руската инвазија врз Украина. Потсетувавме и сега кажуваме дека руската имеријалистичка политика е најголемата закана за Европа, за Западен Балкан и за Северна Македонија“, рече Османи во видео пораката пред неговата обраќање во светската организација.

Номинацијата за кандидат за претседател ме најде овде во Њујорк и сакам да се заблагодарм за сите пораки на поддршка, рече потоа Османи.

„Мојата кандидатура е една голема идеја на која ѝ е дојдено времето, за заокружување на еднаквоста на една унитарна држава и институционализирање на  единството на сите народи и заедници кои живета во земјата.

Во обраќањето на пленарниот состанок на седницата на Генералното собрание на ООН, Османи ја повика Русија да ја прекине, како што рече, бесмислената војна и да ги повлече своите трупи од Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Тој нагласи дека Македонија е силно загрижена поради незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да ѝ кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи и наведе дека Маедонија е согласна со останатите  140 земји-членки и изразува поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи во Њујорк остварил средба со украинскиот колега Дмитро Кулеба.

Како што информира македонското МНР, Кулеба упатил благодарност до граѓаните на Македонија за поддршката.

„Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет“, рекол Кулеба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ