сабота, 21 декември 2024

Османи: ОБСЕ останува со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна Османи, овој самит уште една покажува сплотеност и одлучност против воената агресија на Русија.

„Оваа војна претставува закана за сите нас, нашата слобода и нашите демократии. Таа претставува опасност и за нашата организација. И покрај различните мултилатерални и билатерални напори, продолжува сериозно да ја загрозува стабилноста, човечката и севкупната безбедност на целиот регион на ОБСЕ и пошироко. Таа ги уништува животите на многу луѓе во Украина“, рече Османи.

Сепак, како што посочи, ваквата состојба може да биде ублажена и надмината преку посветеност на принципите на ОБСЕ и поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

„ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Украина во овие тешки времиња. Новата Програма за поддршка вклучува помош во хуманитарно деминирање, промовирање на владеењето на правото и ублажување на еколошките и економските влијанија од руската воена агресија. Сите овие мерки се наменети за ублажување на страдањата на луѓето, бидејќи тие се во центарот на нашето претседавање со ОБСЕ“, вели Османи и додава дека ова се однесува и на луѓето од Крим кои исто така го чувствуваат суровото влијание на војната.

Османи во своето обраќање најави дека во својство на претседавач со ОБСЕ уште еднаш ќе ја посети Украина, како и тоа дека ОБСЕ ќе остане посветена и проактивна во својата поддршка за Украина и Украинците преку заеднички ангажман со граѓанското општество и активистите за човекови права.

Османи повтори дека мирното решавање на споровите и почитувањето на човековите права се клучни приоритети на претседавањето на Македонија со ОБСЕ и дека одговорност, како уште еден од важните принципи на ОБСЕ мора да постои, правдата секогаш да преовлада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ