сабота, 27 јули 2024

Османи: Нема да правиме компромис со принципите на ОБСЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да правиме компромис со овие принципи. Суштински дијалог може да се води само во линија со овие принципи и во согласност со меѓународното право. Во таа насока, ја повикуваме Руската Федерација веднаш да го прекине огнот. Обединети сме во поддршката на Украина и Украинците кои страдаат и одлучно ги осудуваме руските воени злосторства“, нагласил Османи во своето обраќање.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, Османи се заблагодарил за работата на парламентаците и нивната вклученост во застапување за правата на повеќе од една милијарда луѓе од целиот регион за ОБСЕ. Само преку директно учество и разбирање на потребите на луѓето, посочил, можеме да поттикнеме политичка волја за надминување на моменталните предизвици.

„Војната во Украина останува наш врвен приоритет, но високо на нашата агенда се сите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ што директно влијаат на животот на луѓето. Затоа од исклучителна важност е да ги активираме сите механизми и капацитети на ОБСЕ со цел да го поддржиме мирот и соработката“, рекол Османи.

Пред околу триста делегати на Парламентарното собрание на ОБСЕ, тој уште еднаш ги претставил приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата и побарал политичка посветеност и иницијативи што заеднички ќе придонесат за зајакнување на демократијата и парламентарната дипломатија во регионот на ОБСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ