сабота, 27 јули 2024

Османи: Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина

Oсновање на борд за валидација, составен од домашни и меѓународни експерти, кој ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи, најави кандидатот за претседател од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи

Објавено на

часот

Сподели

„Овој борд ќе гарантира дека нема да потпишам ниту еден закон што е штетен за животната средина. Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина и идните генерации. Мора да оставиме не само европска и економска, туку и зелена и одржлива држава“ – нагласи Османи.

Османи, појасни дека ваквите негови закожби се во рамки на суспензивното право на претседателот да не потпишува закони.

Тој повика сите да ја поддржат неговата заложба за заштита на животната средина. Вели дека таа не е само политичко ветување, туку морален императив.

„Додека се соочуваме со предизвиците на 21 век, неопходно е да се препознае нераскинливата врска помеѓу животната средина и безбедноста на земјата. Безбедноста не е само за границите и армијата, туку и за создавање општество кое е отпорно, самоодржливо и во хармонија со природата. Со интегрирање на еколошките размислувања во нашата безбедносна рамка, ние преземаме пристап за да ја заштитиме иднината на нашата земја“, изјави претседателскиот кандидат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ