Додека Ковачевски се однесува како сè, само не премиер, Бујар Османи не почитува правна држава и на официјална средба со министер од друга држава си зеде за право да говори на албански јазик иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.
Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.
Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата. Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада.