четврток, 26 декември 2024

Османи не се извини, а Ковачевски не смее да го искара иако ја понижи Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

Додека Ковачевски се однесува како сè, само не премиер, Бујар Османи не почитува правна држава и на официјална средба со министер од друга држава си зеде за право да говори на албански јазик иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик.

Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.

Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата.  Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ