сабота, 27 јули 2024

Османи на Блинкен му ја посочил важноста на почитување на Охридскиот договор

Министерот за надворешни работи во заминување на маргините на неформалниот состанок на НАТО во Прага разговарал со Ентони Блинкен, државен секретар на САД. Како што соопшти Османи, на средбата тој на Блинкен му кажал дека е „важно да се почитуваат трите договори“.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговарало за актуелните настани во Македонија, при што Османи брифирал за  неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.

„Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот“, нагласил Османи, стои во соопштението.

Тој се заблагодарил за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата  против корупцијата и демократскиот развој на Македонија. Ја нагласил и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, кој Османи и Блинкен, се додава во соопштението, заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 година.

Како што соопштија од МНР, соговорниците се осврнале и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ.

Инаку, Османи и Европскиот фронт, предводен од ДУИ, деновиве по изборите, во контекст на извесната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, го актуелизираат Охридскиот договор со заклучок дека од неговиот дух произлегува неопходноста партијата што има мнозинство гласови од Албанците дека го има легитимитетот да е застапена во власта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ