сабота, 28 декември 2024

Османи: Компромисно решавање на отворените прашања

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокусот на разговорите биле актуелните состојби во земјите од Западен Балкан и нивните евроинтегративни процеси во контекст на неоправданата руска агресија врз Украина.

Османи ја реафирмираше доследната позиција на земјава како веродостоен партнер на ЕУ во спроведувањето на надворешната политика на ЕУ и на трансатлантските партнери, потсетувајќи дека, во однос на Украина, Македонија целосно го поддржа пристапот на ЕУ, давајќи голема воена, економска и секако, политичка поддршка на нејзината независност и сувереност, но и на нејзиниот европски пат, се наведува во соопштението.

„Руската агресија врз Украина ја истакна итноста да се комбинира внатрешната и трансформативната природа на политиката на проширување заедно со нејзината неизбежна надворешно-политичка димензија. Наш заеднички интерес е да ги истражиме најефикасните начини како да го потиснеме влијанието на недемократските трети земји во срцето на Европа. Потребна е стратешка решеност за забрзана интеграција на регионот во ЕУ“, истакна шефот на дипломатијата.

Османи нагласи дека Македонија не само што вложува максимални напори за исполнување на критериумите за членство во Унијата, туку „стана пример во целиот регион со културата на дијалог и компромисното решавање на отворените прашања“.

„Иако не сме директно на бојното поле, сепак сме на бојното поле на наративи и дезинформации и мораме да ги избегнеме овие обиди и да се отвориме за можности преку помирување, дијалог, надминување на наследството од минатото и решавање на споровите со разбирање, почит и заемно прифатливи решенија“, нагласи Османи.

На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, Османи оствари билатерална средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, на која стана збор за одличниот тек на процесот на скрининг и потребата од усвојување на уставните измени со цел продолжување на пристапните преговори по забрзана нагорна линија.

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот Османи се сретнаи  со директорот за стратешки политики на бриселскиот тинк тенк „Пријатели на Европа“ (Friends of Europe), Дармендра Канани, со кого потпишаа меморандум за соработка во однос на организацијата на Преспа форумот за дијалог, кој оваа година се одржува на 15 и 16 јуни во Струга. Соработката со овој престижен тинк тенк доаѓа на нивна иницијатива и претставува уште една потврда за позитивниот имиџ и етаблираноста на Преспа форумот за дијалог во регионот и Европа, соопшти МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ