сабота, 27 јули 2024

Османи ќе се обрати пред Советот за безбедност на ООН

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНР, на покана од претседателството на Швајцарија со Советот за безбедност на ОН, утре Османи ќе се обрати пред Советот, при што ќе ги претстави активностите и приоритетите од Програмата за претседавањето Македонија со ОБСЕ, а со оглед на значајниот јубилеј ќе се осврне и на соработката и партнерството на ОБСЕ со ООН и на заедничките цели за зајакнување на сеопфатната безбедност во регионот на ОБСЕ, особено во областите на спречување конфликти и управување со кризи.

Османи ќе има работен состанок со министерот за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис. Швајцарија овој месец го презеде ротирачкото претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Во рамки на одбележување на 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, Османи ќе има видео обраќање на настанот „Дали може да има безбедност без слобода на медиумите?“ организиран од канцеларијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми и претседателството на Македонија со ОБСЕ.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи ќе има состанок и со шефовите на постојаните мисии на земјите-членки на ЕУ. 

Посетата на Соединетите Американски Држави Османи ќе ја продолжи во Вашингтон, како дел од владината делегација која ќе ја предводи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ