сабота, 27 јули 2024
Претседавачот со ОБСЕ на терен

Османи ја виде линијата на раздвојување на луѓето кај Одизи настаната по конфликот Русија – Грузија

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓето овде немаат можност да ги посетат своите роднини и пријатели, да го користат земјоделското земјиште, тие се лишени од можноста да ги посетуваат верските објекти. Ваквата состојба е неодржлива и спротивна на основните принципи на ОБСЕ и на цивилизациските идеали“, рече Османи.

Османи повика на  што побрзо отворање на премините, особено во пресрет на Велигденските празници.

„Потребно е луѓето повторно да ја добијат нивната слобода на движење како основно човеково право, а претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе ги вложи сите напори за да им помогне на директно загрозените од конфликтот“, потенцира Османи.

Посетата на Одзиси, Османи ја оствари во придружба на Мониторинг мисијата на ЕУ. Тој им се заблагодари за нивната работа на терен во изминатите 15 години заедно со претставниците на ОБСЕ, особено во превенирањето на нови тензии и олеснување на враќањето во безбеден и нормален живот.

османи-грузија-терен

Од Одзиси, Османи се упати кон Тсеровани, каде што се наоѓа заедница на внатрешно раселени лица по конфликтот од 2008 година.

„Ве уверувам дека јас како Претседавач со ОБСЕ заедно со нашите партнери ќе направиме сè што е во нашата моќ за да ја подобриме состојбата на сите раселени и маргинализирани лица како и на семејствата на исчезнатите“, рече Османи.

Инаку, Тсеровани се наоѓа недалеку од Тбилиси и претставува една од најголемите населби формирани од страна на грузиските власти за згрижување на внатрешно раселените лица кои биле принудени да ги напуштат своите домови по конфликтот во 2008.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ