сабота, 27 јули 2024

Османи инсистира на дуел со Сиљановска Давкoва, а Ванковска ѝ вели: Кафето не беше наша дебата

И од Црнилишта, каде одржа митинг, претседателскиот кандидат Бујар Османи упати порака до противкандидатката Гордана Сиљановска Давкова, дека инсистира на ТВ дуел со неа и да ги соочат ставовите за „интеграција и изолација“. Од друга страна, кандидатката Билјана Ванковска упати „исправка“ до Сиљановска Давкова, дека тоа што пред камери се напиле кафе, не претставуваше дуел.

Објавено на

часот

Сподели

По поканата од прес-конференција, синоќа Бујар Османи и од Црнилишта упати покана до Гордана Сиљановска Давкова со цел, како што наведе, преку телевизија да ги соочат своите визии.

„Ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживотот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви треба 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето. Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се двете алтернативи кои ни се нудат“, рече Османи.

Одговор засега нема од штабот на кандидатката на ВМРО-ДПМНМЕ, освен што Сиљановска Давкова реагираше преку изјава дека нејзиниот повик за освојување на мнозинство во парламентот не претставува национализам и дека изборите не се референцум за ЕУ.

Од друга страна кандидатката на Левица, Билјана Ванковска реагира на изјава на Сиљановска Давкова дадена на собир во Центар, каде таа кажала дека двете противкандидатки веќе дебатирале на Сител телевизија.

„Драга Гога, се изненадив кога чув дека она наше утринско кафе било ДЕБАТА!?! Јас го сметав за забавна програма.Го повикуваш Стево на серија дебати! А не го почитуваш. Повикај ме мене!Еве, сега кога е јасно дека соочување нема да има, те поканувам, но не на кафе, туку на една единствена дебата. До вчера велеше дека ова била твоја емоционална (!?) желба да разговараме ad rem а не ad hominem (нешто што сега се води меѓу вашите два табори). Арно ама науката и твојот научен сенс ти кажувал дека наспроти тебе ќе бил Стево!Ајде да го смениме тоа! Притоа не условувам како твојот тим и барам фаталистички услови: или седум или јок дебата“, ѝ порача на Ванковска на Сиљановска Давкова.
Инаку, засега е познато дека разните идеи за мега – дебата со учество на седумте кандидати паднаа во вода, како и за други форми на ТВ соочување на кандидатите.
Ако не се земе предвид утринското кафе, ТВ – дуел засега имаа само кандидатите на Европски фронт и на коалицијата Вреди. Тие дебатираа во студиото на ТВ 21.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ