вторник, 7 јануари 2025
Во обраќање како претседавач со ОБСЕ

Османи: И во услови на војна наш приоритет е да ги штитиме демократските вредности

Објавено на

часот

Сподели

„Последиците и трошоците од оваа војна се чувствуваат во цела Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ. Но, нашиот избор е да ги заштитиме нашите заеднички демократски вредности и заложби преку нашата мрежа на принципи и достигнувања, прецизно создадена да ја одбраниме нашата иднина“, рече Османи.

Врвен приоритет во нашата работа, додаде Османи, ќе биде ублажувањето на страдањето на луѓето погодени од војната и од други конфликти кои стравуваат за своите животи и егзистенција.

„Убеден сум дека ОБСЕ има многу механизми кои може да ги понуди за надминување на состојбите во сите региони и во тоа нема да штедиме напори. Ќе продолжиме да даваме поддршка за функционалност на организацијата, за промоција на човековите права и недискриминацијата, безбедноста и одржливиот развој и сето тоа во координација со партнерите од Советот на Европа“, порача Османи.

Во своето обраќање Османи се осврна и на придобивките, како што рече, за Македонија од членството во ОБСЕ и во Советот на Европа.

„Да се претседава со ОБСЕ во ова време на големи предизвици значи дека имаме капацитет да дадеме придонес во промовирањето на основните слободи, човековите права, демократијата и владеење на правото“, потенцираше Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ