сабота, 27 јули 2024

Османи го убедувале да застане на чело на НАТО, но тој е фокусиран на актуелните избори

Телевизија 21 објави дека претседателскиот кандидат и министер за надворешни работи Бујар Османи меѓународни фактори го убедувале да се кандидира за првата функција на НАТО, за генерел секретар  на воената Алијанса.

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на дипломатски извори телевизијата наведува дека од дипломатски извори дознава дека меѓународни пријатели на Османи му сугерирале да ја разгледа можноста по завршувањето на министерскиот мандат да се кандидира за генерален секретар на НАТО.

По молкот од македонското МНР, во изјава за телевизијата Османи дал извесна потврда.

„Точно е дека имам препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во државата“, изјавил Османи за ТВ21.

Мандатот на актуелниот шеф на Алијансата Јан Столтенберг е продолжен до 1 октомври, а за таа функција нема посебна процедура, туку генерален секретар се именува со консензус на членките на НАТО, вообичаено се лобира преку дипломатски патишта.

Останува да се види дали по изборите за претседател, на кои според прогнозите, тој нема да биде избран за шеф на државата, Бујар Османи ќе се повлече од домашната политика и ќе се амбицира за функција во рамки на меѓународната заедница.

И можеби останува да се види, а тоа ќе биде речиси невозможно, дали се работи за предизборен маркетинг како за самиот Османи, така и за ДУИ во пресрет на парламентарните избори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ