„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, напиша Османи на својот фејсбук-профил.
Мицкоски по средбата со премиерот Ковачевски изјави дека било понудено ВМРО-ДПМНЕ да преземе пет министерски места, но дека неговиот услов, како што нагласи Мицкоски, е тоа да биде Влада без ДУИ.