сабота, 27 јули 2024
Конвенција на ДУИ

Османи: Докажавме дека може да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, на ред е претседател

Демократската унија за интеграција (ДУИ) синоќа го промовираше претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Конвенцијата се одржа во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Кале”, под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“. Денес почнува големата и најважна битка на новата генерација, битката за европска иднина, за еднаквост, за затворање на вратата на Русија и за отворање на онаа кон Европа, реќе во својот фовор претседателскиот кандидат Бујар Османи.

Објавено на

часот

Сподели

На конвенцијата беа присутни претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и други високи партиски членови и функционери, меѓу кои Талат Џафери, Теута Арифи, Арбр Адеми, Артан Груби…

Предизвиците се големи, но и можностите се големи, битно е да биде вистинскиот човек на вистинска функција, порача Османи.

„Нашата иднина е во ЕУ и ова мора да им го исполниме на граѓаните. Мора да го запреме одливот на младите, мора да се инвестира во економијата, мора да се вложува во образованието согласно светските стандарди“, рече Османи. Тој напомена и дека ја има добиено „севкупната надворешна поддршка“.

По Османи, пред присутните се обрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ има кадри за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети.

„Во амфитеатарот каде се правеа антиалбански планови, денес имаме ученици Албанци, плановите на Младиќ пропаднаа, бидејќи секое достигнување го добивме со крв. Денеска го имаме Младиќ во Хаг и се радуваме овде во оваа сала. ДУИ, 22 години не знае за пораз, ние ја добивме секоја битка и воено и тактички. Заедно со народот постигнуваме се, ние со народот изградивме тврдина која не се урива, со знаме, јазик, традиција, историја, универзитети, па докажуваме дека сме способни и секогаш победници. ДУИ ги крена кадрите за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме. Не е лесно да се мерат со ДУИ, бидејќи сите инвестиравте во националните капитални дела, кои никој не може да ги откорне“, рече во својот говор првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Се собравме да кажеме јасно, „не” на Русија, „да” за ЕВРОПА! За Европа и со Европа заедно со Бујар Османи, додаде премиерот Џафери.

„Ова е иницијатива на ДУИ, на сите да им покаже каде припаѓа. Али Ахмети во кампањата предупреди дека на ред е првиот албански премиер, тој тоа го кажа, па кажаното беше и направено. Кој мисли дека ќе ги сруши ДУИ и Али Ахмети греши, бидејќи неговото име потекнува од војна, работа и искреност. Од нас излегоа оние кои не се посакувани денес, но за неколку дена ќе им покажеме на сите кој каде припаѓа. Бујар ќе ни биде домаќин на 24 април, на 8 мај, додека на 9 мај не очекува големата прослава“, истакна пред присутните премиерот, Талат Џафери.

Докажавме дека можеме да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, сега на нас, нашата генерација е да докажеме дека можеме да имаме и успешен претседател на Републиката, оцени Бујар Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ