Оскар Пјастри во два наврати беше најбрз во квалификации за Спринт трка, но сега конечно се израдува и на прва пол-позиција.
Возачот од Австралија утрово во Шангај најдобро се снајде на ветровито време и со време од 1:31.591 славеше во квалификациите.
Друштво во првиот ред ќе му прави Џорџ Расел, додека пак вториот ред е резервиран за Ландо Норис и Макс Верстапен.
Луис Хамилтон, кој победи во спринт тртката, потфрли и финишираше како петти во квалификациите, пред тимскиот колега Шарл Леклер.
Во топ 10 уште се најдоа Исак Хаџар, Кими Антонели, Јуки Цунода и Александер Албон.
The #ChineseGP qualifying results in full ⤵️#F1 pic.twitter.com/nrcK1pJozq
— Formula 1 (@F1) March 22, 2025