Најмногу номинации доби шпанскиот мјузикл Емилија Перез, дури 13 номинации. Режисер на филмот е Жак Аудиар, главните улоги ги толкуваат Зои Салдања, Селена Гомез и Карла Софија Гаскон. Филмот го собори рекордот за најмногу номинации за филм од неанглиско говорно подрачје.
Филмот беше номиниран на Оскарите во категориите како најдобар филм, за најдобра актерка, споредна женска улога, најдобра режија, најдобро адаптирано сценарио, најдобар странски филм, најдобра монтажа, кинематографија, најдобра оригинална песна и саундтрак, најдобар микс на звук и најдобра шминка и коса.
Најмногу номинации има Емилија Перез, по него се филмовите Злобни и Бруталист, секој со по десет номинации.
Комплетен странец, биографскиот филм на Џејмс Манголд за Боб Дилан, доби шест номинации, како и филмот Конклава.