Пристигна официјална потврда за новиот договор на Виктор Осимен, напаѓачот ја продолжи соработката со Наполи.
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на социјалните мрежи ги сподели убавите вести, објави фотографија на која Виктор Осимен става потпис на документите и напиша: „Завршена работа!“
Како што пренесуваат медиумите, Нигериецот ќе добие значително покачување на платата и ќе заработува околу 10 милиони евра годишно.
Во неговиот договор ќе има и откупна клаузула вредна 120-130 милиони евра. Наполи нема да ја повтори грешката со Гонзало Игуаин, па откупната клаузула ќе биде валидна само за клубови надвор од Серија А.