сабота, 27 јули 2024

Осимен промаши пенал, но Распадори го урна Јуве (ВИДЕО)

Наполи со гол во 88. минута го победи Јувентус со 2-1, мечот имаше драматична завршница која заврши со радост на домаќините.

Објавено на

часот

Сподели

Наполи дојде во водство пред самиот крај на првото полувреме кога Кварацхелија постигна убав гол за водство од 1-0.

Во 81. минута Киеза со силен шут од далечина го изедначи резултатот на 1-1, се чинеше дека Јувентус ќе избегне пораз, но не беше така.

Во 88. минута Осимен шутираше пенал, Шчесни го одбрани неговиот удар, но до одбиената топка прв дојде Распадори и погоди за победа на Наполи од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ