Новото коло во Серија А беше отворено синоќа со дербито помеѓу Јувентус и Наполи. Елиф Елмас и неговите соиграчи го имаа поседот на топката, во првото полувреме промашија и неколку зицери, па домаќините казнија и со голот на Гати ги однесоа трите бода.
„Старата дама“ сега има +12 во однос на „наполитанците“, па навивачите на „Алианц“ во Торино имаа причина зошто да се радуваат, а гостите разочарани го напуштија теренот.
Фрустриран од тоа што работите оваа сезона не одат според планот, Виктор Осимен по последниот свиреж на судијата реши да ги провоцира фановите на Јувентус и направи гест во стилот на Франческо Тоти.
Тој со рацете покажа 5 и 1, алудирајќи на победата од 5-1 на Наполи во пресметката против Јувентус на „Марадона“ минатата сезона.
#Osimhen, gesto clamoroso ai giocatori della Juve: la foto diventa virale: Le telecamere inquadrano l’attaccante del #Napoli mentre si rivolge ai bianconeri al termine della gara persa con gol di Gatti https://t.co/FNOQnE3LZ9 pic.twitter.com/fUItaNKA6E
— sportlive (@sportli26181512) December 9, 2023