понеделник, 3 март 2025

Tриглав донира опрема на Специјална олимпијада за учество на Зимските олимписки игри во Торино

Триглав осигурување со задоволство ги поддржа атлетите на Специјалната олимпијада, кои ќе учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри во Торино, Италија, со донација на неопходна спортска опрема и осигурување. Оваа соработка ја потврдува нашата континуирана посветеност на промовирањето на инклузијата, како и поддршката на здравиот начин на живот и на спортот, како трансформирачка алатка за создавање силни, упорни и мотивирани личности.

Објавено на

часот

Сподели

Атлетите на Специјалната олимпијада се пример за мотивација и истрајност. Нивната желба и храброст да се натпреваруваат, без разлика на предизвиците, е инспирација за сите нас. Проектите како Специјалната олимпијада им обезбедуваат на овие атлети можност да ги развијат и покажат своите вештини и им помагаат да развијат доверба и чувство на припадност во заедницата.

„Веруваме во силата на спортот, да обединува луѓе, да инспирира истрајност и да создаде средина на тимска работа и инклузија. Поддршката на Специјалната олимпијада е во согласност со нашите основни вредности и ни дава можност директно да влијаеме на животите на поединците на значаен начин. Чест ни е да дадеме наш придонес за успехот на овие атлети и да ги охрабриме принципите на упорност, посветеност и храброст, кои што ги дефинираат и спортот и човечкиот дух“, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав осигурување Ѓорѓе Војновиќ.

Во Триглав осигурување сме посветени на создавање позитивно и инклузивно влијание на светот околу нас. Стоиме заедно со атлетите, тренерите и семејствата на Специјалната олимпијада, додека тие ја демонстрираат моќта на истрајност и обединетост.

Моника Бошковска, претседател на Специјална олимпијада дополни: „Во името на Специјална олимпијада Македонија, изразувам огромна благодарност до Триглав осигурување за нивната несебична поддршка и донацијата на спортска опрема и осигурување за нашите атлети, кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Торино, Италија. Оваа донација е многу повеќе од материјална поддршка – таа е потврда дека инклузијата, упорноста и спортскиот дух се вредности кои нè обединуваат. Нашите атлети не само што се натпреваруваат, туку тие докажуваат дека со страст, труд и верба во себе, сите граници можат да се поместат“.

Партнерствата, како ова со Триглав осигурување, ни помагаат да создаваме општество во кое што секој има можност да успее и да го покаже својот потенцијал.
Затоа, со гордост чекориме кон Торино, поддржани од компании и заедници кои веруваат во нашата мисија. Заедно сме посилни, заедно создаваме инклузивна иднина!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ