четврток, 30 мај 2024

Осигурителните компании одбиле да исплатат штета за Северен тек

Осигурителните компании Лојдс и Арч иншуренс одбиле да исплатат отштета поради експлозиите на гасоводот Северен тек бидејќи договорот со операторот не ја покрива штетата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Норд стрим АГ, во кој мнозински удел има рускиот енергетски џин Газпром, во март ги тужеше двете осигурителни компании затоа што наводно не платиле околу 400 милиони евра за штетата предизвикана од експлозиите на гасоводот, јавува Фајненшал тајмс.

Лојдс и Арч иншуренс во одговорот до Високиот суд во Лондон навеле дека договорот со операторот на Северен тек не покрива „загуба или штета директно или индиректно предизвикана од војна, односно оние кои се случиле како последица на воен конфликт“.

Тие додале дека конфликтот на Русија и Украина, кој почна во февруари 2022 „ги задоволува критериумите на војна, непријателства, инвазија или воен конфликт“.

Осигурувачите така тврдат дека штетата можела да ја предизвика „која било влада по налог на која било влада“, јавува Комерсант, кој имал увид во судските документи.

Коментирајќи го извештајот, портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека постои загриженост за кредибилитетот на западните осигурителни компании.

Обновата на гасоводот, според проценките на операторот, може да достигне сума од 1,2 до 1,35 милијарди евра. Ова е прелиминарна проценка за отстранување на водата од цевките, нивна стабилизација, поправка и пополнување на изгубените резерви гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ