четврток, 24 октомври 2024

Оштетен главниот цевковод во општина Зрновци

Објавено на

часот

Сподели

На местото каде што е предизвикан дефектот забележливо е намерно оштетување на цевката, за да се оневозможат напорите на Општина Зрновци да обезбеди доволна количина исправна вода за пиење на месното население, пишува МИА.

Настанот е пријавен кај надлежните органи, а по направениот увид се очекува соодветна постапка за откривање и санкционирање на сторителот на овој вандалски чин.

„Оштетувањето е направено вчера попладне, а денеска Општина Зрновци и ЈКП „Водна кула“ поднесоа кривична пријава против непознат сторител заради уништување на главниот цевковод во Видовиште, во близина на манастирот „Св. Спас.“ Во време кога Општината вложува средства и гради нов цевковод за постојано водоснабдување на домаќинствата во селото, некој повторно прави оштетување со што без вода останаа овдешните жители. Апелираме до полициските истражни органи и до Основното јавно обвинителство што побрзо да преземат соодветни постапки за откривање на сторителот“, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Минатиот месец заврши изградбата на новиот цевковод во должина од илјада метри и пречник од 125 милиметри, на потегот од зафатот на Видовишка Река до резервоарот за водоснабдување на Видовиште. Притоа капацитетот на водоводот беше зголемен за четири пати, но веќе двапати имаше намерно онеспособување со кршење на вентилите и на главната цевка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ