сабота, 27 јули 2024
Суперкуп на Шпанија

Осасуна се жали на судењето, Барса закажа „Ел Класико“ во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Барселона со 2-0 ја совлада Осасуна и се пласираше во финалето на Суперкупот на Шпанија каде ќе се сретне со вечниот ривал Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Завршницата во Суперкупот на Шпанија донесе „Ел Класико“ во Саудиска Арабија, Барселона закажа пресметка со Реал Мадрид во финалето откако вечерва со 2-0 ја совлада Осасуна.

Резултатот беше отворен по еден час игра, Осасуна загуби топка на срдината од теренот, едно додавање беше доволно да го вметне Левандовски во гол шанса а напаѓачот не погреши и ја затресе мрежата за 1-0.

Осасуна смета дека голот е прилично контроверзен и требале да добијат прекршок, но ниту ВАР не ја корегираше одлуката на судијата.

Мечот беше решен во 93. минута, Жоао Феликс му асистираше на Јамал за конечни 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ