сабота, 27 јули 2024
Алармантна состојбата во прилепскиот суд

ОС Прилеп работи со четворица судии, сите сакаат да се претседател, а никој судија во судот во градот под Марковите кули

Објавено на

часот

Сподели

Ситуацијата во Основниот суд Прилеп од ден на ден сѐ повеќе се усложнува. Судот останува со четворица судии но тие ќе прават напори барем тие што се итни случаи да ги решаваат, констатираше на денешната седница, потпретседателот на Судскиот совет во оставка, Селим Адеми.

Според систематизацијата, ОС Прилеп треба да има 18 судии но на објавениот оглас никој не се пријавил да биде судија во Прилеп.

„Од каде ќе се носат судии, Судскиот совет ќе треба да размислува за друго решение. Можеби со делегирање. Ќе треба да се зборува и со кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители затоа што со сила не може“, рече Адеми.

Но така не вели Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Според него само првите тројца кандидати кои ја завршиле академијата имаат право да бираат во кој суд сакаат да бидат избрани. Сите други се должни да конкурираат на секој објавен оглас за избор на судија.

Доколку кандидатот за судија или јавен обвинител два пати последователно не се јави на објавените огласи го губи статусот на
кандидат за судија или јавен обвинител.
Губењето на статусот кандидат за судија или јавен обвинител на има за последица надоместување на трошоците и другите надоместоци за неговото обучување, по утврдена пресметка од страна на Академијата“, пишува во законот.

На денешната седница, Судскиот совет за в.д. претседател на ОС Прилеп ја назначи судијката Јасна Шишковска Стојковиќ.

Основниот суд Прилеп е првостепен суд со проширена надлежност за општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

                                                                                                                                                                 И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ